Зимското и летното сметање на времето ќе биде укинато во 2021 година

- Свет
935

Со 23 гласа „за“ и 11 „против“ Одборот на Европскиот парламент ја изгласа резолуцијата со која е одлучено да се укине летното и зимското сметање на времето. Но, тоа нема да се случи оваа година како што претходно беше најавено. Оваа одлука за укинување ќе стапи на сила во 2021 година.

Државите кои  ќе сакаат да останат на летно сметање на времето, последен пат стрелките од часовникот ќе ги поместат нанапред во март 2021, а земјите кои ќе сакаат да останат на зимско сметање, тоа ќе треба да го направат во октомври истата година.

 

Facebook Коментари