Лев банер Десен банер

Охрид домаќин на Социо-здравствен саем: институции, лекари и граѓани во заедничка мисија за превенција и подобро здравје

Во време кога хроничните заболувања и потребата од навремена превенција се сѐ поактуелни, Охрид утре ќе биде домаќин на Социо-здравствен саем, тридневен настан кој ги поврзува институциите, компании, иницијативи, здравствените работници и граѓаните околу прашања од директен јавен интерес.

– Во периодот од 3 до 5 април, саемот носи содржина која излегува од рамките на класични настани и директно се доближува до граѓаните како отворени разговори со институции за достапноста на здравствените и социјалните услуги, панел дискусии со лекари специјалисти за превенција, рано откривање и третман на заболувања и теми кои ја засегаат секоја семејна средина, од примарна здравствена заштита до хронични болести и ментално здравје. Во недела, на 5 април, на тревникот кај хотел „Палас“, во периодот од 12:00 до 15:00 часот ќе се одржи Експо денот, како отворен простор за граѓаните. Посетителите ќе имаат можност да се сретнат со околу 20 здравствени установи, компании и организации, да добијат бесплатни мерења, советувања и директни насоки од стручни лица и да учествуваат во активности кои го промовираат здравиот начин на живот. Дополнително, ќе биде поставен и спортско-рекреативен мини полигон, со активности кои ја поттикнуваат физичката активност како дел од секојдневната превенција. Со ваков концепт, Социо-здравствениот саем претставува обид здравјето да се извади од институциите и да се доближи до граѓаните, преку директна комуникација, практични совети и достапни услуги, информираат организаторите.

Настанот кој ќе биде отворен во 11:00 часот во големата сала на Општина Охрид го организира Здружението на лица со дијабет Охрид, во партнерство со аптеките „Виа Фарм“ и Центарот за ментално здравје, раст и развој „Психонаутика“.

StrugaOnline

error: