Време: Сончево и топло, попладне врнежи од дожд и грмежи

- Македонија
588

Денеска во Македонија ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Попладне во западните и јужните делови со краткотраен локален дожд и грмежи. УВ индексот ќе има вредност 7, а дневната температура ќе се движи во интервал од 22 до 32 степени. Слично време ќе се задржи и во текот на наредните три дена.

Извор: УХМР

Strugaonline

Facebook Коментари