Maкедонските ракометарки вчера на домашен терен го одиграа првиот од двата предвидени контролни натпревари со селекцијата на Италија и постигнаа победа со краен резултат 26:23.
Во првото полувреме нашите ракометарки не се покажаа во најдобро светло, па на одмор отидоа со четири голови негатива односно резултат 8:12.
Целосен пресврт следеше во второто полувреме, кога Македонија тргна кон остварување на својата цел и победи.
Најефикасна беше Сара Ристовска со седум постигнати гола, додека по пет постигнаа Јована Саздовска и Марија Штериова.
Вториот контролен меч со Италија се игра денеска во 16:00 часот.
Strugaonline
фото: РФМ
Facebook Коментари