Бендот Funk Shui оваа сабота пред охридската публика

- Забава, Локални
1070

Охридската публика за прв пат ќе има можност да ги гледа Funk Shui во живо во Центар за култура “Григор Прличев” во Охрид, во сабота 26-ти јануари од 21:00 часот.
Карти во ограничен број по цена од 200 денари можат да се купат во Музичка Продавница Зизи Топ.


Funk Shui е скопски бенд кој комбинира повеќе различни ритмови и алтернативни инструментални музички жанрови. Создаден во 2010-та во длабочините на МКЦ, комплетиран од тројца музичари кои создаваат своја лична авторска музика преку долги импровизирачки сесии. Истата година, Funk Shui за прв пат своите дела ги наснимува во вид на четири демо песни под наслов “Got Funk?!”.
На почетокот во Funk Shui членуваат Luka Ѓоргиевски вокал и гитара, Давид Николовски кој свири тапани и Стефан Стојанов кој во тоа време свири бас гитара, а подоцна е заменет со Михаил Намичев на истиот инструмент, и од тогаш постои оваа перманентна постава на бендот.
Бендот има издадено два албуми од кои првиот деби албум е “Етер” во 2012 година и “R.E.M” во 2015 година во кој на песната “Ме Газат” гостува Ристо Солунчев – Ицко, а подоцна во годината одржуваат концерт заедно со целата екипа од Чиста Околина на фестивалот “Што се тресе во МКЦ?”. Во периодот помеѓу двата албуми бендот издава сингл “Огледала” кој подоцна се наоѓа на вториот албум. По издавањето на вториот албум Shui го снимаат синглот “Архетип” кои добива свој видео запис. Овој сингл е најсофистицираното и најсозреано дело на бендот.
Во изминатите години Shui имаат издадено неколку видео записи и имаат настапувано на многубројни настани.

Strugaonline

Facebook Коментари