Македонската ракометна репрезентација утре ги стартува квалификациите за Европското првенство

Машката македонска репрезентација утре во Рејкјавик ќе го одигра првиот натпревар од квалификациите за Европското првенство против селекцијата на Исланд.
Селектор Данило Брестовац на првиот и единствен тренинг имаше на располагање 20 играчи, но за исландската престолнина патуваат 16 играчи.
За Рејкавик ќе патуваат голманите Митревски и Ристовски, крилата Поповски, Георгиевски, Манасков и Маџовски, дефанзивците Кукоски и Маркоски, како и бековите Лазаров, Јагуриновски, Талески, Кузмановски, Танкоски, и пивотмените Стоилов, Пешевски и Маркоски.
Натпреварот меѓу Македонија и Исланд се игра в среда од 21:45 часот.
Извор: 24 ракомет
фото: архива

