(ВИДЕО) Боем клуб ја промовираа песната „И ако јас“

- Забава
1382

Ви го претставуваме „Боем клуб“. Ова е екипа од тројца другари (Боеми) Ниче, Маца и Паун, а  сигурно ќе има и други членови во иднина. Тие ја промовираат својата прва песна  насловена како „И ако јас“.

„Стилот на музика е т.н староградски хипхоп,  воглавно акустична староградска музика во комбинација со урбаните звуци на алтернативната музика. Песната „И ако јас” е напишана во дружба и опуштена атмосфера,  текстот е дел од нашето секојдневие пред корона и карантин Толку многу ни фалеше кафаната шо дотолку многу не’ мотивира да и ја посветиме оваа песна. – велат од „Боем клуб“ за Strugaonline  и најавуваат и други песни кои наскоро ќе бидат промовирани.

Strugaonline

Facebook Коментари