Лев банер Десен банер

Премиерна соработка на продуцентот Ербил Џемоски со виолинистот Илир Хидри

Додека трае светската пандемија која донесе низа ограничувања во нашето секојдневие, ваквата состојба веројатно создаде дополнително слободно време за творење и креирање на уметниците. Таков е примерот и со младиот музички продуцент од Охрид, Ербил Џемоски, кој во соработка со виолинистот Илир Хидри кон крајот на април ja создаде  нова песна насловена “Hold me down”. Песната е издадена преку турската музичка куќа Road Story Records.

Во кусиот разговор со нас, Џемоски истакна дека отсекогаш бил фасциниран од комбинацијата на звукот на виолина и дип хаус и конечно преку соработката со успешниот охридски виолинист Илир Хидри успеал да си ја реализира долгогодишната желба преку новата песна “Hold me down”. Тој додава дека ова е само почеток на нивната соработка и можеме да очекуваме и нови заеднички песни и проекти со кои ќе ги добиваат симпатиите на слушателите.

Џемоски е сосема задоволен од добриот прием на новата песна која во првиот ден ја помина бројката од 10.000 слушатели, која веќе е и дуплирана и очекува позитивните реакции да продолжат.

Strugaonline

error: