Лев банер Десен банер

Стружанецот Ангел Стојкоски со нова авторска песна „За Илина“

Стружанецот Ангел Стојкоски продолжува со својата музичка креативност, претставувајќи ја својата најнова авторска песна насловена „За Илина“, која воедно е седма во неговата досегашна кариера.

Песната е резултат на успешна соработка со познати музички имиња. Текстот го потпишува Соња Дојчиновска, додека музиката и аранжманот во специфичен 9/8 ритам се дело на Златко Миладиноски, создавајќи динамична и емотивна композиција која, како што вели Стојкоски, „го разигрува секое срце“.

Видео записот за песната е реализиран во студиото на Balkan Music, каде, според пејачот, работела врвно професионална екипа.

Во видеото учествуваат и музичарите Марио Стојаноски на хармоника и Зоран Ратајкоски на саксофон, кои со својот придонес ја збогатуваат целокупната атмосфера на проектот.

„Искрено, задоволство е да се работи со продукција како Balkan Music, бидејќи нивната професионалност, посветеност и пожртвуваност се за поздравување“, изјави Стојкоски.

По промоцијата на „За Илина“, Стојкоски најавува дека продолжува со интензивна работа на нови музички проекти, авторски песни, како и формирање на нов бенд со кој планира активен настапувачки ангажман од наредната година.

StrugaOnline

error: