Лев банер Десен банер

„На пола пат“ – нова песна и спот на ДУПЕР

По период во кој сè почесто се наметнуваат како едно од најактуелните имиња на домашната сцена, ДУПЕР ја објавија својата нова песна „На пола пат“, проследена со видео кое има филмски пристап.

Новото издание доаѓа во момент кога нивниот претходен хит „Може може може“ сè уште активно се слуша и ротира, додека бендот континуирано најавува настапи и го гради својот концертен календар низ Македонија.

Автори на музиката и текстот се Борис Какуринов и Илчо Нечовски, додека аранжманот го потпишува Какуринов. За микс и мастерингот се погрижија Андреј Николов и Димитар Николов.

Песната „На пола пат“ е достапна на YouTube:

StrugaOnline

error: