ТОП Вести

Распоред на натпревари за новата сезона во машката ракометна Супер Лига

- Спорт
580

Денеска во просториите на Ракометната федерација на Македонија е извлечена жрепката за новата сезона во во машката ракометна Суперлига.

Во новиот формат оваа сезона ќе играат 16 екипи (14 во регуларниот дел од сезоната), кои се поделени во две групи по седум екипи.

Голден Арт КЛ7 се најде во група А заедно со: Јуниор Кисела Вода, Астраион, Пролет 62, Радовиш, Охрид и Струга.

Група Б ќе ја сочинуваат екипите: Прилеп, Металург, Работнички, Младост Богданци, Тиквеш 2014, Бутел Скопје, Еурофарм Пелистер 2

Првите три екипи од двете групи заедно РК Вардар и РК Еурофарм Пелистер ќе ја формираат плеј-оф групата од осум екипи кои ќе го одредат победникот на првенството и учесниците во европските купови.

Последните четири екипи ќе се борат за опстанок во плејаутот, каде сигурен опстанок ќе има само првопласираната екипа. Второпласираниот ќе игра бараж со второпласираната екипа од Прва лига, додека сите останати ќе испаднат во Првата лига.

Извор и фото: КЛ7.мк

Facebook Коментари

error: