Лев банер Десен банер

РФМ ги стави во мирување сите натпреварувања што се во нејзина организација

Поради измените на Општиот протокол за организирање на спортски настани во услови на пандемија со COVID-19, кои се веќе објавен во Службен весник на  Реупублика Македонија ,Ракометната федерација на Македонија (РФМ) ги стави во мирување сите натпреварувања што се во нејзина организација.

– Ве известуваме дека натпреварите при национален систем на РФМ во Супер и Првата машка ракометна лига и натпреварите од женската ракометна лига се ставени во мирување. Мирувањето се должи согласно измените на Општиот протокол за организирање на спортски настани во услови на пандемија со COVID-19, објавен во Службен весник на Македонија. Апелираме до сите учесници на ракометниот спорт да се почитуваат сите препораки за превенција од вирусот.-се вели во соопштението од РФМ

Од таму додаваат дека  ќе ја следат состојбата и навремено ќе ги известуваат сите засегнати доколку се создадат услови за продолжување на активностите во рамките на РФМ.

Strugaonline

error: