Утре Македонија игра против Шведска на СП во Египет

- Спорт
577

Поради проблеми со коранавирусот Чешка го откажа настапот на Светското првенство во Египет. Па така, македонската репрезентација ќе биде дел од Светското првенство.

Македонија според правилата на ИХФ ќе игра во групата со домаќинот Египет, Чиле и Шведска. Според објавениот распоред, првиот натпревар нашата репрезентација ќе го игра утре (четврток) со селекцијата на Шведска.

Распоред на натпревари:

14.01.2021 Македонија – Шведска 20:30 часот

16.01.2021 Македонија – Египет 19:00 часот

18:01.2021 Македонија – Чиле 16:30 часот

 

Strugaonline

Facebook Коментари