Цветан Кузманоски е нов член на Еурофарм Пелистер

- Спорт
893

РК Еурофарм Пелистер ја информира јавноста дека ракометарот Цветан Кузманоски е нов член на екипата.

Тој доаѓа од Еурофарм Пелистер 2 и во следните три и пол сезони ќе го носи дресот на нашиот клуб. Кузманоски веќе се приклучи на тренинзите на Жељко Бабиќ и неговиот стручен штаб и ќе дебитира во вторник во Лига Европа против Рајн Некар Левен.

21-годишниот Кузманоски е изданок на школата на Струга, клуб во кој две години по ред беше најдобар стрелец во Суперлигата. Се пресели во Еурофарм Пелистер 2  летото минатата година и се наметна во тимот на Александар Јовиќ. Клубот официјално ќе го промовира в понеделник во клупските простории.

Извор и фото: Еурофарм Пелистер

Facebook Коментари