Вардар на домашен терен славеше над ППД Загреб

- Спорт
665

Ракометарите на Вардар на домашен терен славеа над  ППД Загреб со резултат 20:19 со што стигнаа до  5. позиција во групата А од ЛШ.

На почетокот на натпреварот играта беше израмнета , Загреб имаше водсто од 6:5 но потоа дојде до промена.

Вардарците во финишот од првиот дел имаа 9:6, но не успеваа да се одржат на плус три бидејќи и гостите успеваа да се вратат во ритам, па намалуваа. На крајот на првиот дел беше 11:9.

Во вториот дел гостите израмнија во два наврати 11:11 и 13:13

На крајот на натпреварот беше доста возбудливо.

При резултат 20:19 Оливие Њокас загуби топка, а Загреб доби десет секунди за напад. Сепак, времето беше потрошено и беше направен прекршок при што Загреб имаше девет метри за крај на средбата. Вистороп биеше во живиот ѕид, па победата остана за Вардар.

 

Facebook Коментари