Лев банер Десен банер

Утре во Струга се одржува Отворено Меѓународно триатлон првенство

Утре во кампот АС во Струга  ќе се одржи Отворено Меѓународно триатлон првенство.

Oрганизаторите очекуваат околу 200 натпреварувачи, тоа е всушност и дозволениот максимален број на трката од Меѓународен карактер. Ќе учествуваат членови на клубови од Хрватска ,Србија, Албанија, Косово, Бугарија, Словенија и членовите на нашиот струшки клуб.

,,Натпреварот е поделен во три стартови. Првиот е Елит категоријата или про, јуниорите ,кадетите и мастерс категоријата што започнува во 9:00  часот. Потоа, во 11:00 и 12:00 часот следуваат стартовите на постари и помлади пионери кои се едни од најинтересните и најбројни трки,со вкупно 60 деца во двете категории.,, -информира Никола Кутаноски, тренер во триатлон и пливачкиот клуб ,,3 Дисциплини“.

Земајќи ги во предвид големите успеси кои ги постигнаа членовите на неговиот клуб изминатиов период, тој има високи очекувања и за ова првенство.

,,Нашиот клуб е државен првак во повеќето категории во триатлон, дуатлон и акватлонот што се одржа прв пат оваа година. Доминирајќи во Македонија како први  во речиси сите категории, а вооедно и на Балканско ниво, очекувањата ни се да ги одбраниме шампионските титули во повеќето категории што ги имавме изминативе години, а вооедно и во останатите категории каде што бевме на второ и трето место. Очекувам да доминираме и повторно да бидеме апсолутни шампиони.,,-вели Кутаноски.

Организатор на ова отворено Меѓународно триатлон првенство е Триатлон и пливачки клуб 3Дисциплини од Струга кое што ова година слави пет години постоење, а претходно функционираше под друго име.

Првенството се одржува по деветти пат и е во рамки на редовниот календар на Македонија за триатлон.

Од сите одржани изданија, Струга беше домаќин седум пати, а Радожда два пати

error: