Лев банер Десен банер

Охридските рокери The Backdoor Band го промовираа видеозаписот за нивниот нов сингл насловен како ,,Зајко”

Охридскиoт рок бенд The Backdoor Band го промовира видеозаписот за нивниот нов сингл насловен како ,,Зајко”
-Песната е настаната пред 10 – тина години како сатиричен и другарски опис на личноста спомената во истата и неговиот ,,рокерски” начин на живот.-информираат од бендот.
Автор на музиката е Лазе Фармакоски,  текстот е на Влатко Митревски и Жарко Јакимоски, а аранжманот е на целиот бенд.
Задолжен за снимање на аудиото, микс и мастеринг беше Ивица Јанкуловски во неговото студио “Алшар”.
Видеозаписот е сниман на локации во Охрид, а го снимаше и обработи Бојан Симјаноски.
Голема благодарност од бендот изразија до сите учесници во реализација на овој проект.

error: