Огнен Стефановски е нов рекордер во скок со стап во сала, Дарио Ивановски го подобри националниот рекорд за цели три и пол минути
Македонија има нов рекордер во скок со стап во сала кој сега изнесува 3.65.

Огнен Стефановски со само неколку месеци тренинг во една од неговите нови дисциплини успеа да го собори еден од најстарите национални рекорди кој датира уште од далечната 1969 година.
Изминатиов атлетски викенд очигледно е историски за Македонија.

Дарио Ивановски финишираше на маратонот во Севиља, Шпанија со неверојатно време од 2:08.25, што значи подобрување на националниот рекорд за цели три и пол минути и се доближи на само 15 секунди од олимписката норма од 2:08.10.
