Maкедонија ќе биде организатор и домаќин на Европското џудо првенство за кадети 2025

- Спорт
289
На последниот ден од Европското првенство за кадети во Софија, Бугарија, Џудо Федерацијата на Македонија предводена од претседателот Владимир Трпаноски ја имаше честа да учествува на церемонијата на свеченото предавање на знамето на Европската џудо унија кое на претседателот Трпаноски лично му го врачи потпретседателот на Европската џудо унија г-дин Кнајтингер.
Тоа е официјалната најва дека Македонија ќе биде домаќин на Европско првенство за кадети следната година.
-Водени од претходно врвно организираниот Европски куп за јуниори 2023, од ЕЏУ не го криеа задоволството што токму главниот град Скопје ќе биде домаќин на наредното Европско првенство за кадети во 2025 година за кое истакнаа дека токму Скопје е совршено место за сите европски спортисти.-стои во соопштението од Џудо федерацијата на Македонија.
 Претседател Трпаноски  истакна дека ова е историски настан за Македонија и изрази уверување дека истиот  ќе има голем придонес за целокупниот развој на џудо спортот во нашата земја.
Strugaonline
фото: ЏФМ

Facebook Коментари