ЖРК Вардар продолжува да го засилува ростерот за новата натпреварувачка сезона. Нови имиња во Вардар се Ивана Трифуноска и Елена Балоска кои доаѓаат од екипата на Стружанка.
-Трифуноска игра на позицијата десен бек, додека Балоска е среден бек. Елена Балоска беше прогласена за најдобар стрелец и најкорисен играч на Ф4 турнирот во пионерска конкуренција за изминатата сезона. Со двете ракометарки е потпишан договор на две години.-стои во соопштението од ЖРК Вардар.
Тие додаваат дека договор на две години е потшишан и со стружанката Мила Ристовска, ракометарка која и минатата сезона беше дел од клубот.
Strugaonline
Facebook Коментари