Со победа над селекцијата на Франција, Младинската ракометна репрезентација на Македонија го заврши настапот на Европското првенство за играчи до 20 години и го освои деветтото место.
Во СС „Головец“ во Целје, Словенија, избраниците на селекторот Раде Стојановиќ со резултат 30:29 славеа против Франција.
На ова ЕП нашата селекција стартуваше со победа над Црна Гора (31:21), па ремизираше со Хрватска (24:24) и Австрија (20:20).
Следуваа уште две победи во разигрувањето за пласман од 9-16 место над Полска (28:26) и Романија (31:26), и имаше само еден пораз на шампионатот од Франција (25:18) против која нашите ракометари успешно се реваншираа.
Strugaonline
фото: РФМ
Facebook Коментари