Машката ракометна репрезентација на Македонија утре игра против Естонија
Машката ракометна репрезентација на Македонија се подготвува за квалификациските дуели против Естонија и Литванија за пласман на Европското првенство 2026 година.

„Искуството како играч и тренер ми кажува дека секогаш треба да бидеме внимателни. Имаме доста материјали од двете селекции, јас сум доброо подготвен. Имаме доста инфоормации. Ќе видиме како ќе се однесуваат нашите ривали. Не бегаме од фаворитската улога, мислам дека ќе биде многу потешко против Литванија, сериозна селекција, репрезентација со традиција. Очекувам тежок и неизвесен натпревар во Вилнус.“ -истакна селекторот Кире Лазаров.
Натпреварот меѓу Македонија и Естонија се игра утре, 6 ноември во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 20:00 часот, додека во вториот меч, нашата селекција гостува во Виљнус кај Литванија на 10 ноември од 16:00 часот.
StrugaOnline

