Лев банер Десен банер

Еурофарм Пелистер славеше во дербито против Вардар

Во прекрасна атмосфера која ја приредија домашните и гостинските навивачи, Еурофарм Пелистер славеше во големото дерби со Вардар со 35-33 (полувреме 22-13).

Актуелниот шампион Еурофарм Пелистер потврди дека се враќа во игра за првото место добивајќи го „вечното“ ракометно дерби со Вардар, 35-33 (22-13). На битолскиот тим му требаа само 15 минути за да ја осигура победата.

Богдан Радивојевиќ постигна 13 гола, а Филип Кузмановски даде 8 гола за Еурофарм Пелистер. Во екипата на Вардар најмногу голови даде Крсманчиќ – 9.

StrugaOnline

error: