Лев банер Десен банер

Храбрата Македонија нерешено против Унгарија на почетокот на СП во ракомет

Македонските репрзентативци одиграа одлично против фаворитот Унгарија и извојуваа нерешено со 27 – 27, иако до последните 30тина секунди имаа шанса за победа.

Во 45 минута беше 20:20, додека три минути подоцна Унгарија имаше предност од 23:22. Следуваше игра гол за гол и само нијансии одлучуваа каков ќе биде исходот од големата борба на теренот. Во 58 минута беше 26:26, Кузмановски погоди за 27:26, имавме напад да ставиме точка на големата драма, но Унгарците на десетина секунди пред крајот израмнија на 27:27.

Најефикасен кај Македонија беше Филип Кузмановски со десет погодоци, по три имаа Марко Митев и Мартин Велковски.

Во еден меч полн со драма и емоции, новата генерација на Македонија успеа да дојде до првиот голем резултат на Светските првенства. Ремито против Унгарија која во тимот има дефанзивни „џинови“ е за пофалба (27-27), иако може да жалиме и за другиот бод затоа што имавме напад за победа. Но, ова е позитивно искуство, кое ќе ни служи за во иднина. Следен дуел е против брзите Холанѓани утре со почеток во 18 часот.

Strugaonline

error: