Стартува главната фаза, Македонија брка победа против Австрија
Денеска на Светското првенство 2025 започнува главната фаза, а Македонија за противник ја има Австрија, натпреварот е закажан за 15:30 ч.

Освен со Австрија, Македонија ќе игра и против репрезентациите на Катар и Франција, која е еден од фаворитите за освојување на златото.
Со натпреварот меѓу Кувајт и Гвинеја ќе започнат натпреварите во „Президент Куп“, односно во разигрувањето за пласман од 25 до 32 место.
Распоред на денешните натпревари на СП:
15:30 Кувајт – Гвинеја
15:30 Швајцарија – Тунис
15:30 Австрија – Македонија
18:00 Чешка – Италија
18:00 Катар – Холандија
18:00 Полска – Алжир
20:30 Данска – Германија
21:00 Унгарија – Франција
StrugaOnline

