Лев банер Десен банер

Македонија изигра реми против Австрија

Ракометарите на Македонија одиграа реми на натпреварот против Австрија 29-29 (14-13), на стартот на втората фаза на Светското првенство. Средбата во „Арена Вараждин“ се одигра пред скромна бројка на навивачи, понуди огромна борба и нашите ракометари имаа повеќе концентрација во клучните моменти за прв и важен триумф.

Австрија на стартот на вториот дел дојде до дотогаш највисоките плус два, 15:13, а Македонија првиот гол во вторите 30 минути го постигна преку капитенот Кузмановски, кој намали на 15:14. По предноста на Австрија од 17:15, следуваше серија од 3:0 на нашата репрезентација, која во 40-та минута поведе со 18:17.

Иако Македонија водеше со 11:9, ракометарите на Австрија со серија од 3:0 ја презедоа предноста.

Двете репрезентации наизменично се менуваа во водство, се играше гол за гол и само нијанси решаваа каков ќе биде исходот од големата борба. Македонија во последните пет минути влезе со предност од 26:25, а Австрија бргу израмни на 26:26. Следуваше драматичен финиш како и секогаш на самиот финиш Кузмановски погоди за конечни 29:29.

Најефикасен во нашиот табор беше Марко Митев со шест реализации, колку што имаше и Лукаш Хутечек. Во Македонија одличен беше и Пешевски со пет гола, додека четири даде капитенот Кузмановски.

StrugaOnline

error: