Лев банер Десен банер

Студиото за танц „Бах“ од Струга дел од концертниот спектакл „КИЛОМЕТРИ ЉУБОВ“ на Влатко Лозаноски – Лозано

Студиото за танц „Бах“ ќе бидат дел од големиот концертен спектакл „КИЛОМЕТРИ ЉУБОВ“ на Влатко Лозаноски – Лозано, кој ќе се одржи на 7 март во Арената „Борис Трајковски“ во Скопје.

Станува збор за сосема поинакво шоу, најавено како визуелен и музички спектакл со танчери, нови преработки на познатите хитови, специјални гости и сценска продукција на високо ниво. Токму во тимот на Лозано на сцената во најголемата арена во земјава ќе настапат и девојките од Студиото за танц „Бах“ од Струга, кои се задолжени за кореографиите на овој голем настан.

Нивното учество претставува значајно признание за струшката танцова сцена и уште една потврда дека талентот и посветеноста на младите уметници од Струга добиваат место на најголемите сцени во државата.

Организаторите најавуваат вечер исполнета со љубов, енергија и многу музика, а публиката ќе има можност да биде дел од незаборавна приказна и емоции кои ќе се паметат.

Картите за концертот „КИЛОМЕТРИ ЉУБОВ“ се во продажба преку платформата kupikarta.com.

Струга со гордост ќе ги следи своите претставнички на сцената во Арена „Борис Трајковски“, испраќајќи силна поддршка и аплауз за стружанките од Студиото за танц „Бах“.

StrugaOnline

error: