Лев банер Десен банер

Абдулјади Шазиманоски нов директор на ЈП „Еко Струга“

Во просториите на Општина Струга денеска беше реализирано официјалното примопредавање на мандатот на новиот директор на ЈП „Еко Струга“.

Градоначалникот Менди Ќура го предводеше процесот на примопредавање, при што на чело на јавното претпријатие официјално застана Абдулјади Шазиманоски. Тој ја презема одговорноста за управување со претпријатието и за унапредување на комуналните услуги во градот.

На церемонијата присуствуваше и досегашната директорка Гордана Ѓорѓиоска Китаноска, која му посака успешна работа на својот наследник и изрази благодарност до вработените за досегашната соработка.

Од локалната самоуправа потенцираат дека со оваа промена продолжуваат јасните политики за зајакнување на институционалните капацитети, зголемување на ефикасноста и гарантирање транспарентност во работењето, сè со цел подобра услуга за граѓаните на Струга.

StrugaOnline

error: