Пожар во возило во струшката населба Езерски лозја – нема повредени
На 10.03.2026 година во 11:15 часот во ОВР Струга било пријавено дека избувнал пожар во патничко моторно возило „фиат“ со струшки регистарски таблички.
Според информациите, возилото го управувал Ј.М. (42) од Струга, а пожарот настанал додека се движел во струшката населба „Езерски лозја“.
На местото на настанот интервенирала Територијалната противпожарна единица од Струга, која го изгаснала пожарот.
Во настанот нема повредени лица, а причините за избувнувањето на пожарот дополнително ќе се утврдуваат, информира Стефан Димоски од СВР Охрид.
Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline

