Денеска почнува пролетта
Пролетта почнува денеска во 15:46 часот, а во истовреме на Јужната хемисфера почнува есента.
Пролетта, според астрономските критериуми, ќе трае до 21-ви јуни 2026 година, односно полни 92 дена, 17 часа и 40 минути.
Синоптичарите за денеска најавуваат претпладне сончево со мала до умерена облачноста. Попладне променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16 степени.
StrugaOnline

