Лев банер Десен банер

Две хуманитарни театарски претстави за поддршка на лекувањето на младата Ева од Охрид

Народен театар Охрид организира две хуманитарни театарски изведби со цел да се соберат средства за лекувањето на нивната сограѓанка Ева, која се лекува во Германија.

Првата претстава ќе се одржи денеска, 26 март, кога премиерно ќе биде изведена детската претстава „Чаплин во црно-белиот свет“, во режија на Ѓорѓи Ризески. Со оваа изведба најмладата публика ќе има можност да ужива во театарска приказна инспирирана од безвременскиот лик на Чаплин.

Утре, 27 март, по повод Меѓународниот ден на театарот, на сцената ќе биде изведена претставата „Парите се отепувачка“, во режија на Андреј Цветановски.

Средствата собрани од продажбата на билетите од двете претстави ќе бидат целосно наменети за поддршка на лекувањето на Ева.

Од Народен театар Охрид ги повикуваат граѓаните да ја поддржат оваа хуманитарна иницијатива и преку своето присуство да дадат придонес во оваа значајна акција, покажувајќи солидарност и хуманост кон нивната сограѓанка.

StrugaOnline

error: