Лев банер Десен банер

Шведска, Грција и Луксембург противници на Македонија во квалификациите за ЕП во ракомет 2028

Вчера во Лисабон, Португалија се одржа извлекувањето на квалификациските групи за пласман на Европското првенство во ракомет 2028 година.

Македонија во пресрет на ждрепката беше дел од вториот шешир, а по извршеното извлекување ќе настапува во групата 8, заедно со репрезентациите на Шведска, Грција и Луксембург, соопштија од Ракометната федерација на Македонија.

StrugaOnine

error: