Kривични пријави за две лица поради бесправно градење

- Хроника
852

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „бесправно градење“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против С.И. (82) од струшкото село Подгорци и А.Е. (56) од селото Калишта.

Пријавениот С.И. нелегално односно без одобрение, на катарстарска парцела 595 во селото Подгорци  започнал со градба на ограда  со должина од 6,90 метри  и висина од 0,35 метри. Второпријавениот А.Е. со нелегална градба отпочнал на катарстарска парцела 407/1 во струшкото село Калишта со должина од 55м +24м, а во површина од 1281 метри квадратни.

Од страна на градежна инспекција при Општина Струга донесено е решение  за  отстранување на нелегалните градби.

Извор: СВР Охрид

        

Facebook Коментари