„ТИ СУМ ЈАС“ Е НАСЛОВОТ НА ПРВИОТ АЛБУМ НА АНИТА МИЦОВА

- Музика
1773

Поп пејачката Анита Мицова, вчера вечерта во „Опера паб бистро„ го промовираше својот прв албум насловен „Ти сум јас“, во издание на Горила Продукција.

Албумот содржи осум песни, каде покрај насловната сместени се и „Златно жито“, „Рај“, „Два животи“, „Снег“, „Еден ден“, „На пат околу југ“ и „Биди добар“.  Комплетни автори на сите пени на албумот се Весна Малинова Бабамова и Кирил Бабамов.

Гости на албумот се Ратко Даутовски- перкусии, Здравко Ангелов- кларинет, Никола Мицевски- хармоника, додека придружни вокали се ара Николовска и Весна Малинова Бабаова. Снимен е во „ХЛ студио Момировски“.

Албумот од 1-ви Јули може да го набавите во сите музички продавници низ Македонија и преку дигиталните дистрибутивни мрежи.

Пред неколку дена со „Горила Филмс“  снимен е спот за „Златно жито“, кој наскоро ќе биде промовиран.

Извор: StrugaOnline

Facebook Коментари