Александра Јанева го промовира спотот за новата песна „Одвреме навреме”

- Музика
216

Александра Јанева го промовира видео записот за новата песна насловен како „Одвреме навреме.”

Музиката и аранжманот се дело на Лазар Цветкоски, долгогодишниот соработник на Јанева, а зад текстот се потпишуваат двајцата заедно.

„Ова е првото видео кое го снимив сама, со телефон и gimbal. Непосредно пред да заминам на патување ја поставивме песната во студио и не можев да престанам да ја слушам! Па си реков, зошто да не ја снимам мојата најсвежа реакција во преубавата Италија. Се надевам дека ќе ви се допадне!”-вели Јанева

Видеото е снимано во италијанската покраина Апулија, на местата Бари, Чистернино, Полигнано а Маре. За едитинг и колор корекција се погрижи Горан Симјановски.

Strugaonline

Facebook Коментари