Банкрот блуз бенд го промовираа спотот за ,,Починка“

- Музика
159

После триесет години, легендарните – Банкрот блуз бенд ( Сашо Гигов – Гиш, Петар Ренџов и Игор Атанасоски – Харе) се обединија повторно, за да му оддадат почит на големиот Блаже Конески.
Направија обработка на неговата песна – Починка, во нивен блузерски стил.

Песната веќе ја слушате на сите радио-станици, а сега е промовирано и видеото.

Аранжманот го направи Игор Атанасоски – Харе, а продукцијата е на Мите Димовски – Тралала студио. Видеото го изработи Димитар Маневски.

 

Facebook Коментари