Бојана Скендероски утре ќе ја промовира новата песна ,,Ми требаш“

- Музика
335

Утре со почеток во 19 часот во просториите на Скендеровски продукција (15 декември) ќе се одржи промоцијата на најновото музичко парче на Бојана, со наслов „Ми требаш“

Станува збор за динамична, весела песна, во која доминираат трубите и која доаѓа како полн погодок во овој празничен период.

Текстот за „Ми требаш“ е феминистички, па затоа, вели Бојана, песната им е посветена на сите жени, мајки, кралици кои се храбри, силни и точно знаат што сакаат.

Годинава сакав да ја заокружам со една, пред сѐ, ведра песна“, открива Бојана.

Приказната во видео записот го следи текстот на песната, па во кадрите доминираат дамите, а интересно е дека освен многу актери, познати личности, во кадрите има и драги пријатели на Бојана. Инаку, спотот е во режија на Александар Ристевски – Принц, а сценариото е на нејзиниот сопруг Васко Скендеровски.

„Освен „Ми требаш“ снимена е и српскохрватска верзија со наслов „Докази“. Комплетен автор на песната е Саша Милошевиќ – Маре, додека препевот на македонската верзија е на Огнен Неделковски.

Facebook Коментари