Четкар го промовира видео-записот за новата песна „A New Day“

- Музика
206

„A New Day“ е новиот сингл на познатиот  гитарист Владимир Василески- Четкар, за кој денеска беше промовиран и видео записот, снимен во Охрид.

– Прекрасни пријателки и пријатели. Ви го претставувам моето ново музичко видео и нов сингл „A New Day“. Им благодарам на сите сакани луѓе кои беа дел од ова искуство и на Симјаноски Бојан за мајсторски завршената работа со видео записот. Се надевам дека ќе уживате и дека ќе ја почувствувате позитивната енергија која преовладуваше за време на целото снимање како на музиката така и на видеото- напиша Четкар.

Песната е авторско дело на Четкар и е снимена со инструменти во живо во Чикаго во студиото „Electrical Audio“ на познатиот американски продуцент Стив Албини, кој е познат и по соработките со Нирвана, Лед Зепелин и други.

 

Facebook Коментари