Групата Нокаут ја промовира новата песна насловена ,,Знаеш ли“

- Музика
535

Со  концертна турнеја низ Македонија и промовирање нови синглови, групата Нокаут слави 25 години постоење.

 – Набиената агенда на турнејата не го спречи бендот да подготви уште нешто ново за својата публика. Задоволство ни е да го споделиме со вас новиот сингл „Знаеш ли?“. Автор на музиката е Никола Перевски, кој воедно работеше и на аранжманот. Текстот го напиша Александар Ристовски, а на миксот и мастерингот се дело на Дарко Димитров во неговото студио „Димитрови“. Песната е снимена во студио „НК Продукција“, информираат од тимот на Нокаут.

Дел од турнејата „25 години Нокаут“ беа и настапите во Скопје, Охрид, Битола, Прилеп, Струга, Демир Капија, Гевгелија, Кичево, Кавадарци и други градови.

Facebook Коментари