Илија од Happy End Band- ,,Ивана“ e песна за музичко летно уживање

- Интервју, Музика
639

Во денешното издание на емисијата Play cafe гостуваше Илија Маревски, бас-гитарист на бендот ,,Happy End“. Заедно со Маревски направивме радио-промоција на нивната најнова песна ,,Ивана“. Бендот постои од 2012 година, до сега имаат три свои песни (,,Кога би била моја“, ,,Лажев“ и ,,Ивана“), а на своите настапи изведуваат и познати поп песни од земјава и регионот. Со Илија зборувавме за сонот на бендот-да одржат свој солистички концерт, за идните планови на бендот, но и за состојбата на музичката фела во време на корона-криза.

Извор: Play radio

Facebook Коментари