,,Ќе ме сакаш ли?“- нова песна на Дани Димитровска

- Музика
89

Дани Димитровска го промовира вториот сингл од нејзиниот четврти албум во најава. Песната носи наслов „Ќе ме сакаш ли?”.

„Нашата ментална опсесивност да го загарантираме и она што е невозможно да се гарантира е поривот за оваа песна.
Љубовта се живее, не се планира, а најмалку се гарантира. Љуби, живеј!”, вели Дани.

„Ќе ме сакаш ли?” е симпатичен приказ на човечката опсесивна потреба за сигурност, барањето гаранција од друг човек за вечна љубов.

Композитор и текстописец на песната е Весна Малинова, а аранжманот е на Јордан Манов.
Музичкиот спот за „Ќе ме сакаш ли” од денес е достапен на Јутјуб, а аудио записот и англската верзија се поставени на сите музички платформи.

Режијата на спотот е на Марио Станковиќ, а Ени Вучидолова е асистент режисер. Спотот е во продукција на 2by4Digital.

Дани Димитровска е една од ретките женски рок артисти во нашата земја, доследна на својот звук веќе 25та година. Токму дваесет и пет годишнината од нејзината успешна кариера ќе биде зокружена со концерт, а дотогаш уживајте во звуците на ,,Ќе ме сакаш ли?“

Strugaonline

Facebook Коментари