Мартина Блажевска ја промовира ,,Розеви Неба“ – прва авторска песна на македонски јазик

- Музика
1250

Ви ја претставуваме првата авторска песна на македонски јазик на Мартина. ,,Розеви Неба“ е дел од проектот Songs for World Peace за Меѓународен ден на мирот на Обединетите Нации.

Мартина Блажеска е македонска пејачка, композитор и гитарист, живее во САД и Германија. Започнала да свири гитара уште на 14-годишна возраст. Веќе на 17 години се сели на студии во Лос Анџелес, САД, каде во 2014 година е примена на Музичкиот колеџ Беркли во Бостон, каде студирала гитарска изведба. Настапувала во различни изведби и состави во САД и во Македонија. Сега е официјален член на неколку ансамбли: Ibanez Guitars, Laney Amplification и Elixir Strings.

Нејзината музика е најдобро се опишува како гитарски инди-поп-фолк. Во 2018 година, таа го објави своето деби EP „World on a String“ и ја имаше својата прва европска турнеја.

 

Извор: Strugaonline/Ohridpress

Facebook Коментари