Miyatta и Фолтин ја промовираат новата песна насловена како ,,Ме боли“

- Музика
514
Мiyatta ја промовира новата песна насловена „Ме Боли“ , заедно со групата ,,Фолтин“.

Станува збор за нејзина авторска француско-македонска шансона, со  заеднички органски аранжман, снимена во  студиото Алшар во Скопје.

,,Пресреќна сум што постојат врвни уметници како што се Фолтин, кои веднаш го разбраа музичкиот филм кој го посакував,  и создадоа автентична атмосфера поради која оваа песна ќе се смести на листата на препознаени шансони од целиот свет.
Песната ќе има и целосна француска верзија со наслов “C’est joli“ а која ќе биде премиерно изведена на TV5 Monde, Француска телевизија која ги подржува франкофоните ширум светот.,,-изјави Мiyatta.

Видео записот се случил во соработка со Универзитетот Европа Прима, каде магистрант е актерката Јелена Мијатовиќ, сестрата на Мiyatta, која направи трансформација за потребите на изведбата, додека Бојан Секулоски, професор на истиот универзитет, ги изработи снимањето, фотографијата, колор корекцијата и монтажата .

Facebook Коментари