„Само сврти се“ – Балада со темел од емоции и уметност на Лара Иванова и Панче Касапски

- Музика
145

Во преостанатите денови од последниот месец од годината, македонската музичка сцена на крајот на 2021ва, започнува да добива сè пооригинален лик и форма.

Пејачката Лара Иванова заедно со пејачот и композитор, Панче Касапски за своите фанови го подготвија видео записот на новата песна, „Само сврти се“, автентична и модерна поп-балада со изразен бит, чиј темел се емоциите и уметноста.

Зад првиот дует на Лара и Панче стои квалитетен и искусен тим. Музиката и аранжманот се на Панче Касапски, миксот и мастерингот се снимени во студиото на Лазар Цветкоски, а текстот е на Робин Зимбаков. Режисерската палка на видео записот му припаѓа на Ѓорги Вацев, а уникатното сценарио за видеото се должи на креативноста на целиот тим.

Видео спотот од новата песна на Лара Иванова и Панче Касапски, „Само сврти се” својата премиера ќе ја има вечерва (28.12.2021) точно во 19:00 часот на официјалниот YouTube канал на Лара: https://youtu.be/HGf6lDpRBdM

Facebook Коментари