Игор Џамбазов и Игор Атанасовски-Харе го промовираат првиот сингл од нивниот албум насловен како ,,Игор Џамбазов и Гуру Харе – Првите 30“. Станува збор за песната ,,Дебела сенка“ за која текстот и музиката се дело на Џамбазов, а аранжманот го изработија Гуру Харе и Мите Димовски. На хармоника свири Мишел Трајковски, гитари свири Харе кој заедно со Тања Тас е придружен вокал во оваа песна. Фотографиите се дело на Стефан Рајхл. На тапани свири Мите Димовски кој исто така се погржи за програмирањето и продукцијата.
Песната е снимена во студио ,,Тра-ла-ла“ во Скопје.
-Албумот е компилација од тоа што го создадовме изминативе триесет години, содржи седумнаесет песни, а меѓу нив има стари, веќе познати песни но во нов ремикс, некои се снимени повторно, а ќе има и сосема нови како што е ,,Дебела сенка“. -изјави за Strugaonline Гуру Харе.
Тој додава дека албумот е веќе пратен во Сони – Австрија на печатење и ќе излезе до крај на месецов.
Strugaonline
Facebook Коментари