Свечена приредба за Цветници во Струга – учениците ја разубавија празничната атмосфера
По повод празникот Цветници, во Струга се одржа свечена приредба исполнета со радост, музика и креативен дух. Под отворено небо и во пријатна пролетна атмосфера, учениците од повеќе училишта настапија со богата и разновидна програма, создавајќи вистинско празнично доживување за присутните.
Особено внимание привлече настапот на учениците од ООУ „Браќа Миладиновци“ Струга, кои блеснаа на сцената со хорска изведба и традиционални лазарски песни. Со својата посветеност, дисциплина и љубов кон уметноста, тие заслужено беа наградени со силни аплаузи од публиката.
Во рамки на настанот беа доделени и награди за најуспешните ученици на поетскиот и ликовниот конкурс. Нивните творби уште еднаш потврдија дека младите генерации умеат да создаваат, да ја изразат својата мисла и да ја пренесат пораката на празникот преку збор и слика.
Наградени ученици во поетскиот конкурс:
- Лара Лошкоска – прва награда
- Георгина Анѓелкоска – втора награда
- Христина Дејкоска – трета награда
Награди за најдобри ликовни творби:
- Христијан Панов – прва награда
- Нектарија Голабоска – втора награда
- Андреј Тодороски – трета награда
Од ООУ „Браќа Миладиновци“ Струга упатија искрени честитки до сите наградени ученици, како и голема благодарност до наставниците и сите вклучени во реализацијата на настанот, чија посветеност придонесе за успешно одбележување на празникот.
StrugaOnline

