(ВИДЕО): „Brass Brothers“ ja промовираа својата прва авторска песна

- Музика
615

Популарниот битолски бенд „Brass Brothers“ ja промовираше  својата прва авторска песна со наслов „Време-невреме“

Како автори на текстот се потпишуваат Елена Тодосиоска и Дејан Марковски, музиката е на Горан Мицевски – Кус, а аранжманот  го направи Димитар Андоновски. Видеото е дело на „Concept Production“ од Битола.

– На ваше барање, а на наше огромно задоволство ви ја преставуваме нашата прва авторска песна. Последиците од невремето кое го живееме и револтот кој го изразуваме во „Време – невреме“ ,не сакаме да бидат искористени од страна на актуелните политички опции и се оградуваме од истите.Главната порака е : „СО ЉУБОВ ДА ПОБЕДИМЕ” – велат момците од „Brass Brothers“.

Strugaonline

 

Facebook Коментари