(ВИДЕО) Лозано ја промовира новата песна ,,Маскембал“

- Музика
151

Влатко Лозаноски-Лозано ја промовира својата нова песна насловена ,,Маскембал“ и спотот снимен за време на познатиот карневал во Венеција.

Облечен во костум како во времето на Казанова (креација на Андреј Папаз), Лозано шета низ плоштадот Сан Марко, покрај маскираните луѓе, но и низ малите улички на Венеција.

Режисер на спотот е Даниел Јовески, музиката за „Маскенбал“ ја напиша Лазар Цветкоски, а текстот е на Магдалена Цветкоска – Ена, тимот со кој Лозано соработува неколку години.

 

Facebook Коментари