(ВИДЕО): Валери Димовска ja промовираше новата песна „Крај“

- Музика
743

Таа е впечатлива, талентирана и урбана девојка која и тоа како е освежување на домашната забавна музичка сцена. Дека времето на  Валери Димовска допрва доаѓа, покажуваат многуте позитивни реакции кои постојано ги добива. Таа деновиве ја промовираше својата нова песна и видео спот за  „Крај“, која ја промовираше во целосен пакет.

Станува збор за авторско дело на самата Валери и нејзиниот веќе редовен соработник и сограѓанин, композиторот, аранжер, текстописец  и продуцент Темелко Андреев, со кого заеднички ја потпишува песната, а сето тоа го визуелизирал во музичко видео, Горан Симјаноски.

Покрај авторските песни,  Валери на сцената е актуелна и со повеќе соработки и гостувања, како што се дуетот со Нешо и  соработката со дуото „Сирилик“, а полека го собира и материјалот за нејзиниот прв албум.

Зошто Валери одлучи да избрише сè и да стави „Крај“, дознајте во продолжение.

Strugaonline

 

Facebook Коментари