Започнува 38-то издание на Макфест

- Музика
422

Од првата фестивалска вечер на млади надежи, жирито и публиката ќе изберат пет песни, кои ќе бидат изведени утревечер на ревијалната вечер, каде ќе слушнеме вкупно 18 фестивалски рефрени. Освен Владо Јаневски и Ламбе, кои ќе пее во дует со Полина, меѓу учесниците се и: Огнен Здравковски, Александар Тарабунов, Симона Поповска, Таско и Ем Џеј, Бојана Скендеровски, Андријана Јаневска, Зоран Илиев и Боно, Давид Миладинов и групата „Љубојна“, која првпат ќе настапи на фестивал на забавна музика.

Награда ќе има само една, за најслушана песна меѓу два фестивала. Песните ќе бидат ставени на носач на звук, а цедето ќе биде готово до почетокот на фестивалот. Водителската двојка е истата од лани, Марјана Станојковска и Димитар Атанасовски, а ќе има и познати презентери.

Македонска телевизија директно ќе го пренесува фестивалот Макфест на нивната Прва програма, а ќе го емитува и Македонското радио.

Извор: Охридпрес

Facebook Коментари